Во периодот што следува ќе номинираме нови имиња на позициите кои досега ги држеше крилото на Таравари. Тоа, како што информира премиерот Мицкоски, синоќа било разговарано и на редовниот Извршен комитет.
Нагласи дека во наредниот период ќе бидат појасни многу работи и изрази уверување дека ќе биде постигнат договор со коалиционите партнери.
Рече и дека очекува до крајот на месецот да бидат познати и предлози за кандидати за градоначалници.
Од коалицијата Бреди тврдат дека засега нема преговори, а за промените на министри потребен е политички договор, изјави Биљал Касами.
(видео)Касами: За промените на министри потребен е политички договор