Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) заклучи дека Русија е одговорна за уривање на патничкиот авион МХ17 во јули во 2014 година. Авион Боинг 777 на „Малезија Ерлајнс“ полета на 17 јули во 2014 година од аеродромот „Шипол“ во Амстердам кон Куала Лумпур.
Три часа по полетувањето беше погоден со над областа Доњецк во Украина, со проектил „земја-воздух“ од типот Бук, што ги истрелале проруските сепаратистички сили.
Вкупно 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои 196 холандски државјани, ги загубија животите.
Иако Русија никогаш не презеде одговорност за нападот, се ширеа теории на заговор за вината да се префрли врз други. Според соопштение на холандското Министерство за надворешни работи, „големо мнозинство“ на земји членки на ICAO гласале во корист на Холандија и на Австралија кои во 2022 година покренаа постапка против Русија пред меѓународната организација.