Код

КОД: Интервју со Пандов за затворската корупција и запалената куќа

Во затворската полиција има корупмпирани поединци и мора да се засили борбата против нив, вели директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов во интервју за емисијата КОД. На Пандов пред десетина дена му беше запалена куќата во Зелениково и тој вели дека и во тоа дело учествувале корумпирани затворски чувари кои соработуваат со осудените криминалци.

Во вечерашното издание на КОД и приказната за доживотниот затвореник Анте Ристоски од Кичево. Осуден за две убиства, едно убиство признал, а за второто е осуден иако КОД пред 7 години откри дека судот не го зел во обзир клучниот доказ кој го ослободува Ристоски од вина. Тоа е ДНК анализата според која извршител на убиството е новинарот Владо Танески кој се удави во кофа со вода во затвор. Ристоски по повеќе од 20 години во Идризово сега бара условен отпуст. Емисијата е по вечерните вести на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Молк за докази во полза на доживотен затвореник, интервју со директорот на затворската Управа Пандов за куќата која изгоре во подметнат пожар

Дејан Дејан

Вечерва во КОД: Случајот за истрагата на претседателката на Антикорупциска и нејзините врски со ТЕЦ Неготино

Дејан Дејан

КОД: Истрага и за загадување од мазутот во ТЕЦ Неготино

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе