Вести Македонија Најважни

Mир и спокој во душите, добрината и мудроста да бидат наш патоказ кон подобра иднина – велигденска честитка од Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до припадниците од православната и католичката вероисповед со порака дека денешниот празник дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.

„На сите христијани од православната и католичката вероисповед им го честитам денешниот голем празник, Воскресение Христово – Велигден. Нека овој ден донесе многу здравје, среќа и хармонија во секој дом. Велигден е празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Симболиката на Велигден кој ја слави победата на животот над смртта, носи силна порака за важноста на меѓусебното почитување и грижа“, се посочува во честитката.

Токму овие вредности, се нагласува, се основата за создавање на подобро општество за сите, преку добри дела и посветеност.

„Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра, а заедно можеме да постигнеме многу. На овој голем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон подобра иднина. Христос воскресна, навистина воскресна, за многу години Велигден“, порача во честитиката, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе