Семејствата и роднините на загинатите во пожарот во кабарето „Пулс“ во Кoчани заедно со стотици граѓани денеска по третпат излегоа на протестен марш низ улиците во градот.
Во молк, граѓаните со слики од загинатите деца пешачеа од Паркот на револуцијата кон трговскиот центар и институциите во Кочани. На маршот „Задоцнета реакција“ родителите на загинатите рекоа дека полицијата не интервенирала навремено и побараа одговорност.
-Нашите деца беа убиени од алчноста, правдата мора да излезе на виделина“, рекоа семејствата на загинатите во трагедијата, која се случи на 16-ти март.
Повеќе во Вестите во 15:30, 18:30 и 21:30 на ТВ Телма.