Според полициските информации, голема брзина е причината за тешката соовраќајна несреќа која синоќа се случи на патот Кичево-Гостивар. Загинаа тројца, а 8 се повредени и меѓу нив има и со тешки повреди и се префрлени во скопските клиники.
-Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Соопштение на обвинителството за несреќата:
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на лице место на патот Кичево-Гостивар каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осум се повредени.
Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените.
По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија.
Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево