Вести Македонија Најважни

Уапсените се пензионирани полицајци и активен началник, но за потпис од пред неколку години – истрагата не е селективна иако нема активни началници, тврди обвинителот Коцевски

Еден разрешен командир на полициската станица Кочани и 5 пензионирани полициски службеници и началници се меѓу осомничените и приведени во проширување на истрагата за пожарот во Кочани. За проширувањето на истрагата со нови осомничени, државниот обвинител Љупчо Коцевски соопшти во синоќешното издание на ТОП Тема на Телма.

Според првичните информации од обвинителството 10 полициски службеници се меѓу новоосомничените и сите приведени се во полициски станици во Скопје. Сите се осомничени за постапки во доделување на сообраќајни решенија за Пулс во минатото, за период од 2012-та до 2022-ра.

Обвинителството соопшти дека осомничените „не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „ПУЛС“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир. Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови.“

Тројца се веќе приведени, а меѓу останатите 7 има пензионери кои се во пензија од 2018-та година. Петмина од уапсените биле началници во штипската, а двајца во кочанската полиција. Обвинителството ќе бара мерки на претпазливост, а не притвор.

Меѓу 7-ната новоосомничени има само еден акетуелен полициски началник, но не за извршување на функцијата во време на пожарот туку за постапка пред повеќе години. Дел од уапсените, според сознанија на Телма, во минатото ги одбивале барањата за сообраќајно решение за паркинг за објектот во кој се наоѓа Пулс, но одобренијата сепак биле изготвувани во општина Кочани.

Голем дел од одобренијата биле барани само за објект, а не за кабаре или ноќен клуб бидејќи во периодот за кој се осомничени пензионираните началници, Пулс ниту имал ниту барал лиценца за специфична угостителска дејност.

Обвинителот Коцевски и покрај тоа што со истрагата досега се опфатени поранешни полициски началници за дела од претходен период, вели дека не станува збор за селективност како што се се почести толкувањата на јавноста.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Дејан Дејан

„Зошто ги пуштивме убијците на нашите деца?“ и зошто полицијата не е опфатена со истрагата – прашања по новиот марш за жртвите во Кочани

Дејан Дејан

Тешка несреќа со тројца мртви кај Кичево, тинејџер излета со БМВ и загина, трагичен биланс на сообраќајот, а се уште се чекаат законски измени и Сејф сити да „стапи“ на сцена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе