Вести Македонија Најважни

Ферати немал право да пресуди повисока казна од две години, сметаат неговите колеги и судскиот совет

Судијата Ељмедин Ферати не смеел да го казни Менсур Пајазити построго од две години, санкција која претходно му ја одреди гостиварска Апелација, реагираа судиите од тетовскиот суд. И судскиот совет, кој го анализираше предметот за сообраќајката во која смртно настрада младата Теодора Ристовска, се повикува на законскиот член кој предвидува забрана за менување на пресудата на полошо за обвинетиот, во ситуација кога само тој поднел жалба .

„Согласно член 428 од ЗКП, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, информираат од Судски совет.  

Во конкретниот предмет, обвинителството по првичната три и пол годишна затворска казна не се жалело, туку само обвинетиот.

Здружението на судии од тетовскиот суд застана зад колега Ферати дека постапил законски и двегодишната казна е максимумот што можел да го досуди и покрај тоа што предметот почнал од почеток, а законскиот распон е од една до пет години.

„Судијата, во повторената постапка, го осудил обвинетиот со максималната дозволена казна затвор, имајќи во предвид забраната за менување на полошо (Reformatio in peius) како начело предвидено во ЗКП, во ситуација кога по барање на обвинетиот, Врховниот суд ги укинал пресудите и предметот го вратил на првостепениот суд на повторно одлучување и поради оваа забрана новата пресудата не смее да се измени на штета на обвинетиот, ниту во однос на правната квалификација на делото, ниту во однос на кривичната санкција“, велат од Здружението на судии од Основен суд Тетово.

Судскиот совет попладнево го објави извествуањето во кое хронолошки е наведено како течело судењето од првата пресуда донесена на 30.11.2023 до понеделникот.

Од овој извештај, но и од јавно објавените пресуди, може да се забележи дека вишата јавна обвинителка на седницата во Апелација предложила на Пајазити да му се изрече поблага кривична санкција. Гостиварска Апелација утврдила дека три и пол годишната казна, која првично ја досудила сега пензионираната судијка Верка Костовска, е престрога и дека соодветна санкција која ќе ја исполни целта на казнувањето е две години. Врховниот суд ги укина двете пресуди и го врати судењето на почеток

Судиите на Тетово апелираат до сите чинители во општеството да не се користи ова пресуда за неосновани напади врз судиите, стигматизирање и јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет заради постигнување на други цели, бидејќи на тој начин се нарушува угледот на судиите и се задира во независноста на судството, стои во соопштението.

Ферати во понедеденикот ја изрече двегодишната казна за Менсур Пајазити, а во олеснителните околности, судијата ги наведе признанието на вина и тоа што не е осудуван.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предлог законот на СДСМ за помош на настраданите во пожар во Кочани заглави во Комисијата за социјална политика

Дејан Дејан

Македонија е понижена и без европска иднина – став на СДСМ за една година власт на ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

АФЕТ пред предизвик дали ќе го изгласа Извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе