Вести Македонија Најважни

Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат од подружницата на Здружението на судии во Основниот суд Тетово

За  пресудата и двегодишната затворска казна за прегузавњето на Теодроа Ристевска, која ја изрече тетовскиот судија Ељмедин Ферати, од подружницата на Здружението на судии во Основниот суд Тетово велат дека „судијата, во повторената постапка, обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, имајќи ја во предвид забраната за менување на полошо (Reformatio in peius) како начело предвидено во „Законот за кривична постапка“.

Од подружницата преку соопштението испратено до медиумите наведуваат дека со претходните одлуки на Апелациониот суд и на Врховниот суд, „новата пресуда не смее да се измени на штета на обвинетиот ниту во однос на правната квалификација на делото, ниту во однос на кривичната санкција.“

Поради тоа станува збор за законита одлука, велат колегите на судијата Ферати и апелираат до „сите чинители во општеството,  да се воздржат од неоправдани коментари, и да не се користи ова пресуда за неосновани напади на судиите, стигматизирање и јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет, заради постигнување на други цели.“

Пред три дена, судијата Ферати го осуди на две години затвор возачот Менсур Пајазити за смртта на 22-годишната Теодора Ристевска која загина на пешачки премин во Тетово, во август 2022-ра. Пресудата е иста како првата правосилна пресуда донесена во првиот процес од гостиварскиот Апелационен суд, а потоа беше укината на Врховниот суд. Најблиските на Теодора реагираа со солзи и гнев поради висината на казната велејќи дека „две години затвор чини живот во Македонија“ и „нема правда во Македонија“.

Претставници на извршната власт предводени од премиерот Мицкоски реагираа и бараа од судската власт односно судскиот совет да го разгледа работењето на судијата.

По реакциите на семејството по судењето и регаирањето во јавноста, Судскиот Совет отвори постапка за да го разгледа судскиот предмет, а во текот на денот ќе има повеќе информации за случајот, рече претседателот на Судскиот Совет, Александар Камбовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три случаи на листериоза за шест месеци – дали јадеме безбедна храна?

Дејан Дејан

(Видео) Екстремно високи температури од среда

Дејан Дејан

Предлог законот на СДСМ за помош на настраданите во пожарот во Кочани заглави во Комисијата за социјална политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе