Вести Најважни Свет

Бројот на жртви од несреќата во Доминикана се искачи на 184 – заврши потрагата по преживеани

Властите се обидуваат да ги идентификуваат телата во форензичкиот институт на Доминиканската Република по несреќата во ноќниот клуб Џет Сет во кој до сега загинаа 184 лица.

За сега идентификувани се 54 од жртвите, а повеќе од 250 други се повредени. Во катастрофата што се случи во раните утрински часови во вторникот во популарниот клуб во Санто Доминго.

Официјалните лица повикаа на смиреност, информирајќи дека 28 тела веќе се предадени на нивните семејства.

Меѓу жртвите беше пронајдено и телото на музичката икона Руби Перез, која ги забавуваше гостите пред да се случи катастрофата.

Владата синоќа објави дека ја прекинува потрагата по преживеани откако 145 луѓе беа спасени од урнатините на ноќниот клуб.

Спасувачките екипи од Порторико и Израел пристигнаа за да помогнат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе