Вести Македонија Најважни

Почина Александар Карадакоски, 60-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

На 29-годишна возраст, Александар Карадакоски ја загуби битката за живот. Тој е  60-тата жртва на трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Беше најкритично повредениот пациент, со тешки изгореници од втор и трет степен. По три часа од избувнувањето на пожарот, Карадакоски беше хоспитализиран во Стара градска болница, но неговата состојба брзо се влоши. Беше поставен на апарати за дишење, а два дена подоцна беше префрлен на лекување во Литванија. Според здравствените власти, причина за смртта е сериозното оштетување на респираторниот систем, но неговото тело ќе биде дадено на обдукција во Скопје.

„Тој беше најкритичниот пациент од сите повредени. На почетокот на април откажа и функционирањето на бубрезите поради што беше ставен на дијализа“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство. 

„Вкупната површина на изгореници е некаде околу 36% во пределот на главата, вратот и горните екстремитети. Изгорениците беа од втор и трет степен“, изјави Д-р Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски.

Во болница сè уште се лекуваат 78 пациенти, од кои тројца се во критична состојба. Речиси дваесетина од нив се поставени на апарати за вештачко дишење. Во Македонија се лекуваат четиринаесет пациенти, од кои пет ќе бидат пуштени на домашно лекување. Надвор од државата на болничко лекување се 64 повредени од кои шест се враќаат денес и ќе бидат задржани 24 часа во болницата од каде биле испратени во странство.

Обвинителство ја запре истражната постапка против Карадакоски, кој претходно беше осомничен во истрагата за несреќата бидејќи формално тој бил управител на дискотеката „Пулс“.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе