Вести Македонија Топ вести

Малолетници принудувале врснички на секс, ги снимале, а потоа ги уценувале

Двајца малолетници од Битола  со закани дека ќе објават компромитирачки видео материјали, принудувале две врснички сексуално да ги задоволуваат. Случајот во битолската полиција вчера го пријавила мајката на едното малолетно девојче, а во  консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Битола.

На 28.03.2025 во 14.10 часот во СВР Битола, 37- годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал.“, се наведува во соопштението од СВР Битола.

Сличен настан ја згрози и велешката јавност. Како што  пишува порталот СДК, основци  од Велес помали од 15 години, со мобилните телефони,  снимиле експлицитно сексуално видео со дете на истата возраст, а потоа  го уценувале.

Од велешкото обвинителство го истражуваат настанот. Известен е Центарот за социјални работи во Велес за да преземе соодветни дејствија, а за еден малолетник поведенеа е постапка и  до Судија за деца во Основниот суд.

ОЈО предложи  мерка за згрижување во воспитна установа додека трае постапката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се отвори ли конечно „Маркова Нога“, ова  е сепак Балкан вели за роковите евроабмасадорот Рокас

Дејан Дејан

Уставни измени и внесување на Бугарите – Радев со порака до „браќата“ од Северна Македонија

Дејан Дејан

„Талир два“ за седиште на ВМРО ДПМНЕ во завршна фаза и во трка со времето- во август застарува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе