Вести Македонија Топ вести

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Законот за игрите на среќа помина уште еден собраниски филтер. По Комисијата за финансирање и буџет, и Законодавно-правната комисија изгласа дека е прифатлив. Заменик министерот за финансии рече дека законот не е најсовршен, но е по меѓународни стандарди и ќе почне да го решава проблемот – ќе ги подобри контролата и надзорот, ќе ја зголеми одговорноста на приредувачите и ќе ги заштити граѓаните, особено младите и ранливите категории.

„Законот предвидува оддалеченост од 500 метри на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта. Се предвидува и воведување надоместок за секоја нова деловна просторија, се зголемуваат месечните давачки за приредување на игрите на среќа и износите на банкарските гаранции. Едно друштво со еден износ на основна главнина ќе може да поднесе барање само за една лиценца, односно доколку сака да има лиценци за ист или различен вид игри на среќа треба да има кумулативен износ на главнини за соодветниот вид игри на среќа. Се забрануваат исекакви начини на рекламирање, меѓу кои и на надворешниот дел на излозите на деловните простории. Кај приредувачите на посебни или електронски игри се дозволува само една реклама во големина од 100 на 30 сантиметри. Исклучок од правилото е реклами на спортски настани, на дресовите на играчите и делот кој ќе биде посебно регулиран на самиот официјален спортски настан, без конкретни пароли, логоа, туку само со официјалното име на спонзорот, појасни Николче Јанкуловски“, заменик министер за финансии.

Опозицијата денеска немаше забелешки. Веќе најавија амандманска интервенција за оддалеченоста од 500 метри од училиштата, што сметат дека е мала и повторно ќе им овозможи на децата и адолесцентите да бидат блиску до случувањата. Бараат казината целосно да се затворат во населените места, а да се исфрли и можноста за рекламирање на спортските терени. На законот се противат директно засегнатите. Законот повторно треба да се најде пред пратениците на 10 јуни.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Талир два“ за седиште на ВМРО ДПМНЕ во завршна фаза и во трка со времето- во август застарува

Дејан Дејан

„Бог, секс и ЕУ овие три работи не можете да ги предвидите“, одговори Еди Рама на прашањето кога Албанија ќе се приклучи на ЕУ

Дејан Дејан

 Лекарската комора нема да му ја одземе лиценца на докторот кој ги објавуваше пациентките на Тик-Ток, зашто нив не им пречело

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе