Вести Македонија Најважни

„Системот е следен“:,Доста беше смрт” – порачаа учесниците на протестот за настраданите во пожарот во Кочани

Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје  ги поздравија медицинските работници.

Протестите почнаа со собор на скопскиот Плоштад.

Со 16-минутно молчење им беше изразена почит на 59-те жртви и над 200 повредени во катастрофалниот пожар во Кочани.

Повеќеилјадната поворка продолжи кон Собранието и од пред него упатија повеќе протестни пораки и го исвиркаа законодавниот дом.

Скандираа „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт”, „Секој еден, може да е следен”.

Поворката потоа се упати покрај старата Градска болница каде беа поздравени лекарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

На трасата кон владата, поминаа под надвозникот кај стоковната куќа и со своите алогани “Правда“, „Не се плашиме“, „Уа профитери“, „Одговорност“, „Нема правда, нема мир“, „Ние сме системот“, побараа промени на системот.

-Ова не е борба меѓу вас и нас, ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните. Сакаме системски промени, суштински, а не козметички и додека тие ги полнат своите џебови, ние ќе ги полниме улиците и ќе продолжиме да ги полниме се додека не видиме вистинска промена, порачаа од вечерашниот протестен марш што го организираше граѓанското движење „Кој е следен?“.

Активистот и студент Бленди Ходаи рече дека потребна е промена на системот, но не козметичка или привремена, туку вистинска, суштинска, системска промена.

-Дозволивме да живееме во систем каде моќните владеат, а другите само страдаат. Дозволивме да живееме во општество каде правдата се мери со познанства, а животот може да зависи само од еден телефонски повик. Вака ли изгледа еднаквоста која треба да постои? Се среќаваме со неправди која станаа нормални, иако се далеку од праведни. Некои го кршат законот, а сепак никој не ги повикува на одговорност. Оставени на суровиот избор – телефонски повик или смрт. Се учиме дека ако сакаш да преживееш или ако сакаш да успееш, мора да играш според правилата на играта“, порача студентка која говореше на протестот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Мрзливите градоначалници ќе се отповикуваат на референдум

Дејан Дејан

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе