Вести Македонија Најважни

16 пациенти одат на домашно лекување

16 пациенти од трагедијата во Кочани по сите детално направени испитувања ќе продолжат со лекување во домашни услови, додека на лекување во болниците во Скопје ќе останат 30 пациенти. Во моментов во Скопје се лекуваат вкупно 46 пациенти, од кои 26 се во Клинички центар, во  ГОБ „8 Септември“ се десет пациенти и десет пациенти во Градска општа болница -Хируршки клиники. Во исто време здравствениот систем се подготвува за прием на пациенти кои се лекуваат надвор од државата.

„Оваа недела очекуваме осум пациенти да се примат прво во клиниките кај нас. Тријажата ќе се направи од клиниката каде што се примени, па потоа ќе се испрати во клиникта каде што треба да седи пациентот односно да се лекува. Сигурно престојот ќе биде минимум ден до два и потоа ќе бидат пуштени дома. Значи нема ништо да оставиме на случајност“ изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Во моментов четири  пациенти што се лекуваат во странство се во критична состојба, да се надеваме дека нивната состојба ќе се подобри рече Таравари. Сепак треба да се нагласи дека сме во фаза на инфекции кои можат да се јават кај пациенти со изгореници од втор и трет степен и можни се компликации, да се надеваме на најдоброто затоа што колегите во странство го даваат својот максимум, додава првиот човек на здравство.

Стабилна е состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, рече синоќа бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ, но дел од нив ги очекуваат уште оперативни зафати.

„Раните се санирани но најголем проблем е што вдишале гасови и од таму се проблемите. Сите останати самостојно дишат, двајца се екстубирани пациенти и не се на асистирано дишење, на апарат на вентилација можеме да кажеме дека се во добра општа состојба,  а оние кои се на механичка вентилација се во тешка, но стабилна состојба“ изјави Силви Кирилов, министер за здравство на Бугарија.

Се очекува барем за две недели да се вратат половина од пациентите кои се лекуваат надвор од државата, смета Таравари.

„Кај некои од нив се прават и други оперативни зафати на кожата и се што треба. И во Македонија кои што се лекуваат и надвор од државата и веќе зборуваме за фаза на третман на пациентите и рехабилитација меѓутоа за тоа ќе ве информираме во тек на следните прес конференции“ изјави Арбен Таравари, министер за здравство.  

Во меѓувреме тим од пластични хирурзи ќе заминат во Кочани за фазите од лекувањето кои претстојат за оние пациенти кои ќе одат на домашно лекување за да не мораат да доаѓаат на клиниките во Скопје каде што сега се сместени . На некои пациенти ќе им треба можеби две недели за рехабилитација, на некои со месеци, вели Таравари и затоа мора да се размислува за да се има стратегија.

Нина Стефaнова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Жерновски цела ВМРО-ДПМНЕ живее во розов свет, Лефков дециден дека со закочени автопатишта нема економски раст

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе