Вести Македонија Најважни

„Младите во Македонија или добиваат виза или посмртница“ – порака од собир во Охрид за трагедијата во Кочани

Младите во Македонија или добиваат виза или посмртница. Ова е последна шанса „ќе нè биде или не“. Со вакви пораки и 60-минутен молк, на пладне на градскиот плоштад во Охрид, охриѓани им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани. Порачаа дека ова е време за тагување, но ќе бараат и одговорност. Велат сочувствуваат со семејствата на оние кои трагично го изгубија животите во дискотеката на смртта „Пулс“ и изразија поддршка за сите повредени.

„Денеска сме собрани тука, порачуваме „Охрид е со вас“. Секогаш ќе нѝ останеме во мислите и се надеваме дека ова нема да се повтори“, вели студентката Звездана Доцкиновиќ.

„Треба тагата да се помине некако. Не само семејствата, цела Македонија. Ништо нема да е исто по оваа трагедија“, вели Деспина Крлеска, студентка.

Велат загрижени се за својата иднина и „ова е последна шанса што им ја даваат на властите“.

„Мојата порака е да кажам дека ова е последна шанса. Или ќе нè биде или нема да нè биде. Младите или добиваат виза или посмртницаа. Друго не сме добиле. Или се бориме да заминеме или гинеме и гориме“, вели Марија Стојаноска.

Револтирани се што не се чувстуваат безбедно во сопствената држава.

„Ние не сме биле свесни дека се ставаме во опасносо. Со оваа трагична случка сфаќаме дека кога сме оделе во тие клубови или на концерти сме биле во голема опасност. Тоа треба да се смени и треба промена, за да бидеме безбедни, додава Крлеска.

Поддршка им дадоа и повозрасните жители на Охрид.

„Да се  проверат сите објекти и да не се работи од случај до случај. Потребна е голема контрола и претрес во цела Македонија, рече еден граѓанин на Охрид.

Собирот беше во организација на младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет. На плоштадот е отворена и книга на жалост, која организаторите ќе ја испратат до Владата, каде се надеваат ќе ги прочита пораките на младите.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе