Вести Македонија Најважни

Погреби низ цела Македонија на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“

Почитувани, со сочувство до семејствата го започнуваме денешниот ден, најтешкиот по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 луѓе, а речиси 200 се здобија со изгореници и потешки повреди. Во Кочани, Штип, Пробиштип, Скопје и Облешево ќе бидат погребани загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Триесетте жртви во Кочани ќе бидат погребани во 12 часот. На чело на погребната церемонија ќе биде поглаварот на МПЦ-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, како и неколку владици. Погребот на настраданите во Штип ќе биде во 11 часот, а меѓу нив се членовите на групата ДНК, Филип Стевановски и Александар Коларов.

Погреб ќе има и во Облешево во 13 часот. Пејачот на бендот ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, ќе биде погребан во 10 часот на градските гробишта во Бутел во Скопје, соопшти неговото семејство. Сара Пројковска членка на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност ќе биде погребана на горбиштата во Ново Лисиче во Скопје во 12 часот.

Погребот на младиот тапанар од бендот Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде на градските гробишта во Струмица. Штип ќе се прости од петмината загинати во пожарот во дискотеката во Кочани, Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и со Александар Ефремов.

Граѓаните на Пробиштип ќе се простат со тројцата свои сограѓани кои загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тоше Тодоровски, полициски службеник, со почести ќе биде изложен во капела во 11 часот, додека погребот е во 13 часот на Градските гробишта. Телото на починатиот Матеј Марковски ќе биде изложен во капелата во 13 часот, а ќе биде погребан во 15 часот на градски гробишта во Пробиштип. Додеката телото на Никола Насевски ќе биде изложено во домот во село Добрево, а погребот ќе се изврши во 17 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

За Жерновски цела ВМРО-ДПМНЕ живее во розов свет, Лефков дециден дека со закочени автопатишта нема економски раст

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе