Вести Македонија Најважни

Коцевски: Објектот немал хидрантска мрежа, имало само два ПП апарата

Објектот немал хидрантска мрежа, ниту имал хидрант во употребна функција. Ова го утврдиле обвинителите при денешниот увид во објектот во Кочани кој функционирал како дискотека во која ноќеска, во стравичен пожар, загинаа 59 лица, а 155 се повредени, изјави државниот јавцен обвинител Љупчо Коцевски.

„Немало доволен број на противпожарни апарати според квадратурата на објектот, односно имало само два. Немало две излезни врати пропишани за евакуација на луѓе, туку имало една единечна импровизирана метална врата на задниот дел од објектот, но истата била заклучена со катанец и без квака од внатрешната страна и обложена со гипс картон и сунѓер за звучна изолација. Немало пристап за противпожарни возила од двете спротивни страни, согласно Правилникот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи“, изјави Коцевски.

Како што додаде, внатрешноста на објектот била обложена со гипс картон, но истиот не бил со огноотпорни својства.

„Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од три метри, без соодветна дозвола“, истакна Коцевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе