Вести Македонија Најважни

Уставниот суд ќе расправа за јазиците, отфрла политичко дивјаштво

Судии од Венецијанската комисија, домашни професори и експерти, идниот четврток, ќе го кажат своето мислење за спорните правни прашања од Законот за употреба на јазиците. Подготвителната седница ќе се одржи на 20 март во Уставниот суд. Холандскиот судија, д-р Мартин Кујер,кој е и потпретседател на Венецијанската комисија, ќе го образложи пријателскиот совет што судот го побара од нив и треба да биде усвоен од комисијата.

Судијата од судот за човекови права ,Артур Куч, пак, ќе ја образложи праксата на овој суд во слични случаи. Од домашните експерти, свое толкување ќе дадат поранешната судијка во овој суд, Маргарита Цаца Николовска, членот на Венецијанската комисија, Рената Дескоска,професорите Борче Давитковски,Јетон Шасивари,Гордана Лажетиќ, Мерсел Биљали, Денис Прешова,Мерсим Максути, Мерит Нуџиа, Нурет Бајрам и судиите Жаклина Доведен и Иван Џолев.

Присутни ќе бидат и подносителите на иницијативата, а професорката Тања Каракамишева ќе има онлајн обраќање. На седницата ќе се зборува само за материјалното право,откако за формалниот дел веќе беше одржана седница. Претседателот на Уставниот суд не ги откри спорните шест прашања, но вели дека ќе се толкува амандманот 5 од Уставот. За него е важно да се чујат сите мислења, а судот,да донесе правилна и уставно втемелена одлука.

Од ДУИ испратија соопште во кое повторуваат дека, расправата за Законот за јазици ќе доведе до политичка и институционална криза.

Претседателот на Уставниот суд  со индигнација ја отфрли оваа, како што вели, опасна, брутална лага. Прашува, до кога овие иницијативи треба да се чуваат во фиока и зошто воопшто постои судот во тој случај? Останува на ставот дека судиите ќе расправаат за ова прашање и очекува тоа да се случи најдоцна до мај или јуни. После подготвителната седница, судијата известител треба да  подготви нов реферат во кој ќе се најдат мислењата од двете седници и да се закаже седницата.

Укажува и дека е крајно време работите да се кажуваат како што се, а државните органи да ги читаат одлуките на Уставниот суд и да го почитуваат нивното толкување.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе