Вести Најважни Свет

Украина во Џеда ги кажа црвените линии – не се откажува од членството во НАТО

На состанокот со американската делегација во саудискиот град Џеда, Украина јасно стави до знаење дека нема да се согласи да се откаже од членството во НАТО како дел од потенцијалниот мировен договор со Русија, пишува украинскиот весник „Европска правда“, повикувајќи се на неименуван извор.Изворот запознаен со преговорите изјавил дека целта на средбата не била финализирање на поширок договор, а украинската страна ги информирала американските партнери за нејзините црвени линии.

Изворот наведува дека биле разгледани и други украински позиции за идните преговори.

  • „Постојат црвени линии за Украина, вклучително и фактот дека не може да има ограничувања за големината и опсегот на вооружените сили, како и забрана за учество на Украина во меѓународните организации, вклучително и ЕУ и НАТО“, рече изворот, додавајќи дека прашањето за членство во Алијансата го спомена и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, кој укажал дека Русија не смее да има право на вето за тоа.

На состанокот на украинската и американската делегација во Џеда во вторникот, Украина објави дека прифаќа 30-дневно примирје, а рускиот претседател Владимир Путин рече дека се согласува со предлогот, но дека „постојат нијанси“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Португалија е првата членка на ЕУ во мрежата HealthAI за надзор на примената на вештачка интелигенција во здравството

Sasko Dimovski

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе