Вести Македонија Најважни

Антикорупциска отвори предмет за тендерите во Министерството за дигитална трансформација

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе утврдува дали има судир на интереси во случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација.

„Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите, Антикорупциска комисија оформи предмет по сопствена иницијатива и ќе постапува да се утврди дали има судир на интереси“, изјавија од ДКСК за МИА.

Опозициската СДСМ во понеделникот обвини за конфликт на интерес, непотизам и сомнение за корупција во Министерството во врска со две јавни набавки во вредност од 50.000 евра што ги добила фирма која е во сопственост на сопругот на државната секретарка во тоа Министерство. Вчера, пак, ја повикаа Антикорупциска итно да постапи по овој случај.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во понеделникот на прес-конференција ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ за конфликт на интерес, додавајќи дека Министерството е посветено на транспарентост, отчетност и законитост во работењето. Андоновски рече дека државниот секретар во Министерството не учествува во ниту една постапка за јавна набавка, во ниту една фаза, а нејзиниот ангажман е во административно-буџетско работење на Министерството, па затоа не постои простор за судир на интерес или влијание на постапката од нејзина страна.

„Лага бр 1 на СДСМ е дека договорот е на сума од 2.5 милиони денари. Постигната е цена од 1.531.927,00 денари, која е за скоро 40 отсто поевтина од планираната сума за јавната набавка од 2.500.000,00 денари. На тој начин, заштедени се околу еден милион денари (16 илјади евра) пари на граѓаните. Предвидените производи се навремено и квалитетно испорачани при преселбата на Министерството. При дополнително направена анализа, направени се заштеди од 10 до 45 проценти по производ споредено со пазарните цени, нешто што никогаш не било случај во време на владеењето на СДСМ. И втората набавка, за проект кој СДСМ го блокираше, е мала набавка во која исто така се постигнати пониски цени од пазарните за до 40 отсто“, рече министерот за дигитална трансформација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе