Висок функционер на УСАИД им порача на останатите вработени во агенцијата да се соберат во поранешното седиште во Вашингтон за да ги уништат документите меѓу кои многу содржат чувствителни информации.
Материјалите кои се означени за уништување вклучуваат содржина на „класифицирани сефови и документи на персоналот“ на агенцијата во зградата „Роналд Реган“, се наведува во електронската порака што ја испратила в.д. извршната директорка на УСАИД, Ерика Кар, а што ја доби „Политико“.
„Најпрво, исецкајте што повеќе документи, а резервните ќесички за спалување сочувајте ги ако сечилото се расипе или ако му треба пауза“, се наведува во е-маилот.
Кар им наложила на вработените да ги означат ќесичките за спалување со зборовите „ТАЈНО“ и „УСАИД/Б/ИО“ (кратенка за „биро или независна канцеларија“) со темен фломастер.
Причините за уништувањето на документи не се наведени. Зградата се празни по масовните отпуштања што можеби ги наруши рутинските распореди за уништување на документи. Царинската и гранична заштита планира да се пресели во просториите на УСАИД, бидејќи минатиот месец изнајми 390.000 метри квадратни канцелариски простор во објектот.
Со порака за уништување на документи се нагласува и хаотичниот начин на администрацијата на Трамп за распуштање на агенцијата која некогаш управуваше со буџет од 40 милијарди долари и имаше околу 10.000 вработени ширум светот.
Минатомесечните обиди на министерството за ефикасност на владата (ДОГЕ) со кое управува Илон Маск да пристапи со безбедните компјутери во УСАИД, вклучително и информации за безбедносни сертификати на вработените, предизвика бура во агенцијата. Тоа ја наведе администрацијата да го испрати безбедносниот персонал на УСАИД на одмор. Портпаролот на ДОГЕ подоцна изјави дека немало неовластен пристап до класифицирани материјали.