Во Законодавниот дом денеска расправа за интерпелациите на петминатa членови на Судскиот совет избрани од Собранието.
Според образложението во барањето за гласање недоверба, интерпелациите се поднесуваат заради негрижа, нарушување на угледот на судиите и загрозување на довербата на граѓаните кон судството.
Станува збор за членовите Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Тања Чачарова-Илиевска и Миљазим Мустафа.
Седницата ја следи Елена Ивановска Мукоска.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е свесен дека дури и да се изгласаат интерпелациите тие не може да бидат разрешени, освен ако не одлучат сами да си поднесат оставка но изрази надеж дека доколку им биде изгласана недоверба ќе го сторат тоа.
Опозицијата, пак, се противи на интерпелациите и смета дека тие не претставува реформа, туку упад во уставниот поредок.