Вести Македонија Најважни

(Видео) Ништо од бизнисот со „Ѓока Констракшн“ – Таравари го поништи огласот за катните гаражи на Клинички

Министерот за здравство Арбен Таравари го поништи огласот за катните гаражи на кои се пријави само фирмата Ѓока Констракшн од Албанија.

Ресорниот министер понуди две опции за стопанисување со паркингот.

Првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар.

Веста предизвика бура реакции, додека премиерот тврдеше дека не потпишал никаков договор, министерот за здравство ја смируваше јавноста.

Според реакцијата на СДСМ давањето на паркингот на Клинички на стопанисување на „Ѓока Констракшн“, со што 99% од добивката ќе оди кај албанската компанија, а само 1% ќе остане за државата  јасно укажуваат на тоа дека зад оваа зделка се крие сомнителен договор.

 

Надлежните бараат решение, граѓаните се жалат дека и два часа бараат паркинг место на Клинички

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

Дејан Дејан

„Фајненшл тајмс“: САД „промашија“ 408 килограми збогатен ураниум

Дејан Дејан

Пленковиќ: Земјите во регионот мора да останат фокусирани на ЕУ за да се избегне нестабилност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе