Највисокиот американски дипломат, Марко Рубио, гледа ветување во предлогот на Украина за делумен прекин на огнот за ставање крај на војната со Русија, пред разговорите во Саудиска Арабија меѓу американските и украинските претставници која треба да се одржи денеска.
Зеленски пред средбите рече дека се надева на „практичен резултат“ на разговорите, додавајќи дека украинската позиција ќе биде „апсолутно конструктивна“.
Украинскиот тим ќе го претставува шефот на канцеларијата на Зеленски, Андриј Јермак, советникот за национална безбедност на земјата и неколку министри за надворешни работи и за одбрана.
Рубио ќе ја претставува американската делегација заедно со советникот за национална безбедност Мајк Валц и американскиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф.
Меѓувреме, Виткоф планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва кон крајот на неделава, а Кремљ до сега не ја коментираше јавно најавената посета.
Разговорите во Џеда доаѓаат кога Доналд Трамп го засилува притисокот врз Зеленски да се согласи на прекин на огнот со Москва, без никакви ветувања за американски безбедносни гаранции.