Вести Македонија Најважни

Двојкаш меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот  „Мајка Тереза“ – просекот му го крева само една четворка по ликовно

Двојкаш меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот  „Мајка Тереза“. ТВ Клан го објави свидетелството од втора година средно на професорот Блерим Саити, кој претендира да застане на чело на Универзитетот.

Просекот му го крева само една четврорка по ликовно, сите останати оценки му биле двојки. Блерим Саити е редовен професор на Факултетот за социјални науки на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а негов противкандидат е Беким Фетаји, редовен професор на Факултетот за информатички науки при истиот Универзитет.

По двојките во средно, Саити дипломирал и магистрирал на Институтот за физичка култура на Универзитетот во Тирана, а докторирал на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговиот опонент Фетаји пак е информатички инженер. Средното образование го завршил во Гостивар, како ученик на генерацијата.

Дипломирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерски студии завршил на Универзитетот „Брукс“ во Оксфорд, додека во Грац, Австрија станал  доктор по технолошки науки. Изборот за нов ректор е в среда, а гласањето е тајно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе