Вести Најважни Свет

Хаос во Букурешт по одбивањето на кандидатурата на Георгеску

По одбивањето на кандидатурана на Георгеску во Букурешт, главниот град на Романија, изби хаос доцна синоќа, кога стотици приврзаници на екстремно десничарскиот популист излегоа на протести по одлуката на изборното тело.

Демонстрантите извикуваа „Последната опција е уште една револуција!“ и фрлаа камења и други предмети кон полицијата.

Георгеску претходно предупреди дека ако Романија падне, ќе падне целиот демократски свет.

Георгеску вчера продолжи да ја критикува Романија и Европа, велејќи дека тие се под диктатура и тиранија, паралелно изразувајќи му поддршка на рускиот претседател Владимир Путин, што предизвика уште повеќе контроверзи и поделби во земјата.

Одбиена претседателската кандидатура на ектремно – десничарскиот популист Георгеску

Изборното тело на Романија ја отфрли кандидатурата на екстремно десничарскиот популист Калин Георгеску на повторените претседателски избори, кои се закажани за 4 мај.

Георгеску, кој победи во првиот круг од минатогодишната трка, беше принуден да го повтори изборниот процес по одлуката на Уставниот суд кој ги поништи резултатите од изборите поради обвиненија за руско мешање во изборниот процес.

Својата кандидатура, 62-годишниот Георгеску ја поднесе минатиот петок, но Централното изборно биро ја одби. Георгеску, кој во минатото се кандидираше како независен, ја осуди оваа одлука како „официјализиран државен удар“.

Обвинителите против Георгеску покренаа кривична истрага, обвинувајќи го за поттикнување на акции против уставниот поредок и поддршка на фашистички групи.

Исто така, беше обвинет за лажни изјави за изборно финансирање и за неговата имотна состојба.

Првиот круг од повторените избори ќе се одржи на 4 мај, а ако ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе се одржи втор круг на 18 мај.

Крајниот рок за пријавување на претседателски кандидати е 15 март на полноќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ана Винтур повеќе нема да биде главен уредник на американскиот „Вог“

Дејан Дејан

IN MEMORIAM – Почина професорката Мирјана Поленак Аќимовска

Дејан Дејан

Македонија најмногу ја посетуваат туристи од Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе