Вести Најважни Свет

Фон дер Лајен: ReArm Europe може да биде темел за Европска одбранбена унија

За само неколку месеци геополитичките текови значително се сменија, потресувајќи децениски утврдени принципи и традиционални сојузништва, оцени претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, потенцирајќи дека чекорите кои Европа треба да ги преземе мораат да бидат храбри и одлучни.

Нашите европски вредности, демократијата, слободата, владеењето на правото се во опасност. Гледаме дека сувереноста, но и цврстите заложби се ставаат во прашање и сѐ се одвива по принципот на трансакции. И затоа темпото на промените се забрза а чекорите кои треба да се преземат мораат да бидат храбри и одлучни, порача фон дер лајен.

Планот за значително зајакнување на безбедносните капацитети на земјите членки и партнерите на унијата со инвестирање на дури 800 милијарди евра во одбраната, таа го нарече историски.

Ова може да стане темелот на европска безбедносна унија. Со сите сили ќе го имплементираме планот за ревооружување на Европа. Идејата зад него е дека мораме целосно да го искористиме потенцијалот соочени со конкретни закани, и ако успееме да се здружиме со истомисленички држави, како Обединетото Кралство, или Норвешка, или Канада, потенцијалот е уште поголем, рече фон дер лајен.

Група земји, а особено Полска и балтичките држави, кои делат граница со Русија или нејзиниот сојузник Белорусија, уште од почетокот на руската инвазија на Украина пред три години, започнаа да кројат планови во таа насока, а дел од нив и веќе ги имплементираат.

Зголемување на трошоците за одбраната на 5 проценти од БДП е само почетокот, некои од нив, како Латвија, го вратија воениот рок, а размислуваат и за регрутација и на жени.

Да бидеме искрени, премногу се концентрираме на САД. За жал, освен во последните неколку денови, не зборувавме премногу за тоа што ние како Европа треба да правиме. Гледаме дека Европа во моментов е слаба, на сите ни е јасно дека немаме воен капацитет, но исто така ни е јасно и дека треба да го изградиме, порача латвискиот претседател Едгарс ринкевич.

Занемарувајќи ја со децении одбраната како непотребен трошок, засолнувајќи се под американскиот безбедносен и разузнавачки чадор, Европа сега сфати дека инвестирањето во одбраната може да се преточи и во економски развој. Економскиот и потенцијалот за иновации на Европа е биде од голема вредност за нејзината сигурност, и обратно, инвестирањето во нејзината одбрана може да даде силен поттик за цела низа индустрии, посочи фон дер Лајен.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се почесто семејното насилство

Дејан Дејан

Eкоактивисти од Гевгелија против изградба на две мали хидроцентрали на реката Дошница во подножјето на Кожуф

Дејан Дејан

(Видео)Свадбата на Безос и Санчез во сенка на протестите во Венеција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе