Вести Македонија Најважни

Над 250 дијабетичари останаа без лекот оземпик – од Сојузот велат ова се должи на количините од тендерот кој е при крај

Над 250 дијабетичари останаа без лекот оземпик, кој речиси две недели го нема во инсулинските аптеки низ земјава. Од Сојузот на здруженијата на лица со дијабетес велат дека овој недостиг се должи на тоа што  количините од претходниот тендер се при крај, а новиот е во тек и  постапката се очекува да заври до крајот на месецот.

Во овој период додека се чека новата пратка, од Сојузот бараат Министерството за здравство да најде преодно  решение, за дијабетичарите кои го користат да не останат без овој лек кој  им помага да го намалат високото ниво на шеќер.

  • „Овој тендер ќе заврши следната недела, а до крајот на март треба да се потпишат договорите и се очекува да продолжи дистрибуцијата. Сепак овој број на пациенти кои што чекаат на оземпик  за нас е голем. Ние веќе сме во преговори со Министерството а нашето инсистирање е да се најде некакво законско решение за да се набават овие количини кои во овие две недели се јавуваат како недостиг“, вели Диме Велев, претседател  на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Од Министерството за здравство не одговорија на прашањата на Телма дали ќе се најде решение за да се премости овој период додека не заврши тендерската постапка за набавка ан оземпик. Но, здруженијата на лица со дијабетес  имаат и други барања од Владата и Министерството за здравство.

Тие денеска до нив испратија писмен допис со кој бараат  пред претстојната јавна набавка на  сензори и глукомери, да се обезбеди  минимум критериуми за квалитет, наместо најниска цена, но и секој пациент со компликации да  има пристап до новите технологии кои спасуваат живот.

Eмилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе