Нов бојкот на маркетите. Револтирани од високите цени, граѓаните и денеска избегнуваат пазарење. Додека траат анализите врз основа на кои треба да се одлучи дали и какви мерки ќе се донесат за скапотијата, граѓаните привремено спасот го гледаат токму во бојкотот. Некој се сигурни дека ќе има ефект други пак чекаат да се објават бројките од институциите.
Од пазарен инспекторат за Телма соопштија дека се уште се прават анализите за цените.
Анализата на бруто профитните маржи за маркетите се завршени и се предадени во министерството за економија. Се анализира документација од септмеври, октомври, ноември и декември лани. Оваа недела се анализираат дистрибутерите односно увозниците, а следната ќе бидат проверките кај производителите за да се утврди и почетната цена на која се става маржата, велат за Телма од Државен пазарен инспекторат
Велат и дека анализата е обемна затоа што има многу материјал кој треба да се провери, се надеваат дека набргу се ќе се заврши. По, ова е се поизвесно е дека во понеделник тешко дека ќе се соопшти дали и какви мерки би се донесе за цените како што вчера најави министерот за економија Дурмиши.
И од Комисијата за заштита на конкуренцијата велат дека се уште прават проверки на договорите склучени помеѓу производителите, трговците добавувачите, дали се во согласност со законот за нефер трговија.
Од Сојузот на стопански комори вчера пак топката за проблемите со цените ја префрлија и кај добавувачите и производителите. Објаснуваат и дека маркетите имаат пониски профитни маржи од нив кои пак надминуваат и 13 проценти.
Според, информации на Телма пак во тек е формирање на Стопанска комора на трговци на мало со прехрамбени, непрехрамбени производи, пијалаци и тутун. Во комората ќе членуваат најголем дел од помалите маркети, а се чека и одлука и од некој поголеми трговци. Според, информациите целта на комората е да се почитува Законот за нафер трговски практики и да има единствен ценовник на артикли за да нема разлики од еден во друг маркет од 20 до 30 проценти.
Анализата на статистика покажуваат дела во последните три години храната поскапела за 36 проценти. Најголем скок на цената е забележан кај зеленчукот од 44 проценти, па кај лебот од 40 отсто. Млекото, сирењето и јајцата поскапеле за 39 проценти, месото за 36, а овошјето за 33 отсто.
Од владата последно одлучија скапотијата да ја скротат со кошнички. Последната се кроеше со збор даден од страна ан трговците но тука работите се искомплицираа откако едни производи за некој денар ги поевтинија но други значително ги поскапеа, по што револтот кај граѓаните од цените стана уште поголем
Ова е втор петок со ред како граѓаните ги бојкотираат маркетите. Со претходниот профитот на трговците според УЈП се намали за околу 50 отсто. Освен во земјава бојкот има и во останатите земји од регионот. Први почнаа хрватите, но, за кратко време иницијативата се прошири низ целиот регион.
Ирена Чачкова
