Вести Македонија Топ вести

Изгоре автобус на ЈСП во Сопиште, директорот испитува дали некој ги саботира возилата

Автобус на ЈСП се запали во Сопиште и за неколку минути целосно изгоре. Пожарот во автобусот со број 58 избил во задниот дел и најпрвин го забележало комбе кое се движело позади него. Никој од патниците не е повреден, но вознемирени за Телма велат дека едвај спасиле жива глава. Се се случило многу брзо  и не стигнале да си ги земат личните работи, кои сега се пеплосани.

„Страшно беше. Само кажаа дека се запалил. Узбуна се направи. Не можевме да излеземе ни се стресоа нозете. Една жена падна. Почна отпозади да чури. Почна да пука. Едвај излеговме. Тесно беше местото. Пучна да пука како бомби. Еднаш, два пати, три пати. Имав торби од пазар не можев да ги земам. Останаа во автобусот. Многу пламен и чад. Се изгоре во него“, вели патничка.

„Наеднаш едно комбе на шоферот му рече позади дими и после тоа некоја смрдеа. Шоферот отвори врати и рече бегајте гори автобусот. Пред мене една жена падна. Едвај се симнавме“, вели друга патничка.

Според патниците и на возачот на автобусот му се слошило кога го видел чадот.

„Шоферот исто се исплаши. Му се слоши. Дојде брза помош и го зема.“

„Шоферот беше за ниакде. Почнаа болки и се гушеше од димот.“

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски за Телма вели дека засега причината за пожарот најверојатно е електричната инсталација на автобусот.

„Увидот на полицијата е завршен. Чекаме да дојдат вешти лица да направат дополнително вештачење да се откријат точните причини за тоа што се случи“, вели Кушовски.

А возачот бил однесен во болница бидејќи вдишал чад.

„Тоа е од чадот од самиот автобус што вдишал и се реагирало за се да биде како што треба“, додава Кушовски.

Сега само изгорената шасија сведочи за страшниот пожар.

„Дојавата за запален автобус на кружниот тек во Сопиште е добиена во 12.33 часот. Испратени се две возила со осум пожарникари. Пожарот е настанат во делот на моторот и потоа се проширил во возилото“, соопштија од противпожарната бригада на Скопје.

Ова е трет градски автобус кој се запали во рок од шест месеци.

„Имаме одредени сознанија. Да видиме дали тие сознанија ќе ни се потврдат или не. Дали можеби некој намерно или ненамерно од разни нему познати причини може да придонесува за неколку пати да се случуваат вакви работи“, смета Кушовски.

Во јули, минатата година се запали автобус на ЈСП во Бутел. Причината тогаш беше електричната инсталација. Истиот месец претходно се запали мотор на автобус во Транспортниот центар кај Железничка.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Судиите поротници денеска на протест-сите расправи се откажуваат

Kristina Kuzmanovski

Американец се повредил при слетување со параглајдер во битолско Породин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе