Вести Култура Македонија

На 83-годишна возраст почина академскиот сликар Коле Манев

На 83 годишна возраст, почина нашиот истакнат академски сликар Коле Манев.

Роден е на 11 ноември 1941 година во селото Бапчор- Костурско, во Егејска Македонија. Во Скопје го завршил училиштето за применета уметност , а 1960 година го завршил првиот степен на Ликовната академија во Белград. Потоа заминал на студиски престој во Париз, каде повеќе пати се враќаше и изложуваше свои дела.  Престојувал и во Прага, каде посетувал предавања за анимиран филм.

Коле Манев реализирал повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од регионот. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство. Тој е автор и на два играни филмови, по негово сценарио и режија – „ Мост“ и „Еко Скоп“, а се занимавал и со документаристика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дестабилизација – Временска прогноза за 15.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе