Вести Економија Топ вести

Ако повторно се зголемат цените, нема да има опомени туку затворање

Ограничување на цени и маржи за сега нема да има. Пред два дена трговците беа предупредени -ако не ги намалат цените на производите кои деновиве ги поскапеа ,  ќе се воведат поригорозни мерки. Сега, министерот за економија Дурмиши, вели дека тие се вразумиле и нема потреба од тоа. Но, повторно ги предупреди ако пак се случи истото ќе бидат казнети и нема да има опомени како сега.

  • Се намалија цените на маслото јајцата, сувомеснати производи, млеко, путер грав. Ако видиме вакво однесување повторно имаме механизми и веднаш ќе донесеме одлука па ќе следат казни па дури и затворање, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши

Граѓаните пак повторно сметаат дека промени значајни нема, намалувањата се незначителни со оглед на тоа што се случувало со цените во изминатиот период.

Овој пат кошничката не е донесена врз основа на одлука, туку Владата се потпре на ветувањето кое го дадоа трговците, производителите и дистрибутерите. Но, бргу ја изгуби довербата во нив затоа што откако ги  поевтинија производите кои се дел од кошничката, другите кои не беа опфатени ги поскапеа и до 30 отсто. Па, од тука се отвара прашањето дали слендите кошнички треба да се носат на ист принцип.

  • Кога ќе дојдат празниците ќе седнеме и повторно ќе разговараме за да видиме како ќе се постапува, додава Дурмиши.

Дека изминатиот период цените значително се зголемија покажува и статистиката која во ноември измери инфлација од 4, 3 отсто во споредба со истиот месец лани. Тоа го покажаа и анализите и на ССМ каде се наведува дека  има скок и на месечните трошоци.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владината сложувалка пред финиш: Ресорите поделени, реконструираните имиња сè уште „под клуч“

Дејан Дејан

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе