Вести Економија Топ вести

Нови вработувања во Владата – за економистите 70 евра повеќе од пеглачите и садомијачите

Работници за пеглање и перење, садомијач, референти, помошници раководители, возачи. Службата за Општи заеднички работи на Влада бара да ангажира над 100 лица на определено време, со образложение дека се зголемил обемот на работа. Но, во платите за они со и без факултет нема голема разлика.

Од она што може да се види од огласите објавени во весниците, за Oдделението за поддршка на угостителска дејност службата бара еден работник со основно образование за да пере и пегла за нето плата од нешто над 32 илјади денари.  За иста плата се бара и садомијач и кафе готвач.

Но, и келнер и помошник готвач, ама да бидат со средно образование.

Службата е во потрга и по лица со високо образование. Па така се бара помлад соработник за обработка на документи за пресметка на плати во одделот за сметководство и плаќање,  помлад соработник за буџетска контрола и координација, но и помлад соработник за евиденција на недвижности.

Интересно е што овие позиции се бара некој со факултет или пак може би со магистратура, а се нуди плата која е само четири  или шест  илјади денари,  повисока од онаа за позициите за кои се бараат лица само со основно образование.

Па така некој што  завршил економски или правни науки ќе добива нешто повисока плата од оној кој ќе пегла и пере со основно.

Службата е во потрага и по советници во повеќе области за плата од околу 44 илјади денари.

Има такви места каде платата е и околу 1.000 евра.

Немањето кадар во земјава, освен за приватниот е проблем и за јавниот сектор.  Има доста кои заминаа од државата за да работат во странство, главно за да заработат.

Инаку, службата за општи заеднички работи на Владата е една оние институции кои добија позитивно мислење од министерството за финансии за 30 отсто зголемување на додаток на плата со што тие и уште неколку други државни институции меѓу кои и финансии се ставени во нееднаква положба.

Некои пак чекаа согласност од финансии за ваквото покачување но не го добија. Тука се Министерството за правда, за економија и труд, животна средина, администрација и други. Од УПОЗ за Телма соопштија дека поради ова деновиве ќе имаат состаноци на кои ќе се одлучи како ќе го израсат незадоволството- не се исклучува и најрадикалниот одговор, штрајк.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Без согласност на СДСМ и Левица, власта ги поднесе измените на Изборниот законик – електронското гласање на дијаспората на гласање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе