Франција е домаќин на 19-от Самит на Меѓународната Организација на Франкофонијата. Во рамки на дводневниот самит кој ќе ги обедини на едно место шефовите на држави и влади на земјите од франкофонското говорно подрачје ќе се организираат дискусии на тема : „Создавај, иновирај и преземај на француски јазик“. Самитот ќе започне со работа во градчето Вилер -Котре, целосно посветено на францускиот јазик и франкофонската културна разновидност, инаугурирано на 30 октомври минатата година од страна на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. а ќе продолжи утре во Париз. Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006 година. На Самитот на Франкофонијата ќе учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во екслузивно интервју за Телма амбасадорот Кристоф Ле Риголер го нагласува значењето на Самитот и обединувачката улога на културата.
Нина Стефанова