МВР соопшти дека полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода 43-годишниот Г.А. од село Шишево, Скопско, по пријавата дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда.
Според полициските информации, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и пукал кон него. Притоа, тој бил повреден во пределот на увото.
По пријавата, полицајците презеле мерки и го лишиле од слобода лицето Г.А а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
