Вести Култура Топ вести

Интервју со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер

Франција е домаќин на 19-от  Самит на Меѓународната Организација на Франкофонијата. Во рамки на дводневниот самит кој ќе ги обедини на едно место шефовите на држави и влади на земјите од франкофонското говорно подрачје ќе се организираат дискусии на тема : „Создавај, иновирај и преземај на француски јазик“. Самитот ќе започне со работа во градчето Вилер -Котре, целосно посветено на францускиот јазик и франкофонската културна разновидност, инаугурирано на 30 октомври минатата година од страна на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. а ќе продолжи утре во Париз. Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006 година. На Самитот на Франкофонијата ќе учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во екслузивно интервју за Телма амбасадорот Кристоф Ле Риголер го нагласува значењето на Самитот и обединувачката улога на културата.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе