Вести Култура Македонија Топ вести

Проектите за бришење на шкртаници и привлекување публика не се реализирани, а парите не се потрошени

Во врска со вчерашните реакции на социјалните мрежи за проекти ришење на шкртаници и за привлекување публика од Годишната програма за 2024 година, поттикнати од објавувањето на конкурсите за Годишната програма за 2025 година, од Министерството за култура и туризам за ТВ Телма велат дека ниту се реализирани, ниту средствата во висина од по околу 900.000 денари, не се потрошени.

На Годишните конкурси за проекти од национален интерес во културата Министерството за култура дава поддршка на проектот „Отстранување шкртаници,исписи,говор на омраза и друга недолична комуникација од недвижни објекти од јавен инетерс и споменици и спомен-обележја под надлежност на Министерството за култура на територија на Република Северна Македонија“. Проектот е предложен од  Друштвото за услуги „Сити рифејсинг ДООЕЛ-Скопје“, поддржан во рамки на Интердисциплинарната дејност со средства во износ од 899,205 денари, со освоени 100 бода. На 12 февруари 2024 година,  Друштвото за услуги „Сити рифејсинг ДООЕЛ-Скопје“, испрати допис до Министерството со кој се откажува од проектот и од доделените средства, велат од Министерството за култура и туризам.

А, проектот „Публиката е култура“ – кампања за доближување  на содржините од областа на културата до различните публики и поттикнување на граѓаните да посетуваат и следат настани и содржини од областа на културата, поддржан на Годишните конкурси во Интердисциплинарната дејност, а апликант е Друштвото за маркетинг,настани и продукција „Разглас ДООЕЛ-Скопје. Проектот е поддржан со 854,245 денари, со освоени 95 бода.

Согласно член 67 од Законот за култура, Министерството за култура со субјектот чиј проект е избран на Годишните конкурси, склучува договор за учество во финансирање на проект од национален интерес во културата. Наведениот субјект, „Разглас ДООЕЛ-Скопје“, до денеска не го врати Договорот склучен од нивна страна, велат од Ресорот култура и туризам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе