Вести Македонија Најважни

32 Конгрес на СДСМ – се очекува усвојување на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје го одржува 32-иот Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети.

Според СДСМ,  Конгресот ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на партијата, Венко Филипче.

Потоа ќе започне работниот дел, во кој делегатите ќе работат во групи организирани по шест програмски столбови. Во тие рамки ќе се разгледуваат и доработуваат документите кои на крајот ќе бидат предложени за усвојување во нивната финална верзија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД тврдат дека собориле два ирански дрона кои го загрозувале сообраќајот во Ормускиот теснец

Дејан Дејан

Пукотници на уличен фестивал во Охајо – 20 повредени лица, од кои двајца се во критична состојба

Дејан Дејан

Парламентарни избори во Ерменија – продолжување кон Западот или враќање кон Русија?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе