Вести Култура Топ вести

Поради непродолжени договори 33 уметници од Албанскиот ансамбл за народни ора и песни останаа без работа

Работеле во простор без греење и ладење, сами го чистеле и го одржувале , донесувале медали и награди од разни настапи, со кои се потвдува нивниот успех во промоцијата на албанската традиција и култура, а сега се без работа. На 33 играчи, инструменталисти и пејачи од Албанскиот ансамбл за народни ора и песни, им престанал работниот однос на 26 јули , зашто им истекле договорите на определено време од пред 5 години, а нови немаат. Тие денеска го изразија револтот пред Домот на АРМ, каде е сместен Ансамблот.

  • Меѓу нас има луѓе на кои оваа работа им е единствен извор за егзистенција, исто така има и трудница која го губи правото на платен породилен надоместок. Скоро сите преживуваме со кредити , а неоправдана е оваа најава за 33 уметници разрешени, која исто така и етички е неправедна, кажа Дритон Беќири – кларинетист од Албанскиот ансамбл за народни ора и песни.

Од Ансамблот контактирале со повеќе институции за да откријат каде е направена грешката,  но до денеска не добиле одговор. Велат, за да бидат примени на почетокот полагале аудиција, но не и реадуција, што според член 77- в од Законот за култура, е обврска за обновување на договорите за уметниците од А – категорија.

  • Зошто другите институции не се во оваа состојба како нас? Значи, има други институции во кои полагале реаудиција и со тоа тие добиле нови договори . Значи тие продолжиле уште да работат . Само кај нас нема нови договори и не одјавија од работа, рече Вулнет Незири- обоист од Албанскиот ансабл за народни ора и песни.

Според уметниците, одговорност за проблемот има и директорот на Ансамблот, кој не се грижел за нив и се однесувал како ништо да не се случило. Па, сега во Ансамблот останале само тројца вработени.

Од Министерството за култура и туризам, со одговор дека по утврдување на фактичката состојба ќе биде испратено итно барање до Министерството за финансии, за реобнова на издадените согласности за вработување на определено време  на уметниците од ансамблот, во согласност со член 77- в,  став 2 од Законот за култура, со што на сите ќе им се продолжи работниот ангажман за нов временски период од пет години.

Ресорот ќе спроведе и интерна постапка, преку која ќе се утврдат причините зошто барањето доставено од Албанскиот ансамбл до нив,  останало непроцесуирано, односно за истото не биле запознаени ниту министерот, ниту заменикот-министер.

 

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе