Вести Култура Топ вести

Доцнат јунските плати во МКЦ, на нив до скоро чекаа уште три градски установи од културата

Пробиен е законскиот рок за исплата на јунските плати, а вработените во Младинскиот културен центар сѐ уште не ги добиле, реагира претседателката на Синдикатот за култура, Вера Атанасовска. Покрај МКЦ, во изминативе десетина години ова е состојба која често се повторува и во другите градски установи од културата, како што се КИЦ, Градската библиотека „ Браќа Миладиновци“ и Музејот на Град Скопје. И никој не понесува одговорност за проблемот, вели Атанасовска.

  • Никој не знае и досега не ни дава одговор , каде всушност е вината за ова доцнење на платите. Платите скоро никогаш не се исплатени до законски предвидениот рок на 15- ти во месецот. Секогаш се исплаќаат после 20-ти во месецот, за да сега еве МКЦ, денеска сме 26-ти, се уште нема добиено плата, вели Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ.

Поради доцнењето на платите, вработените во локалните установи од културата се соочуваат со различни финансиски проблеми, па Синдикатот подолго време најавуваше, но и одложуваше покренување тужби . Но, сега веќе таа постапка е започната, вели претседателката на СКРМ.

  • Ние бевме принудени да ја почнеме постапката по тужбите. И тоа ќе бидат тужби за камата, за задоцнета исплата на плата. Тие финансиски импликации ќе паднат на товарот или на Министерството за култура, или на локалната самоуправа, што не е во ред, кажа Атанасовска од СКРМ.

За овој проблем се обидовме да добиеме одговор од Град Скопје, кој е надлежен за платите на локалните културни установи. Но, од таму останаа недостапни за коментар. А , од Министерство за култура и туризам, од каде локалните установи се дотираат , велат дека доцнењето на платите е поради задоцнето доставување на потребната документација до нив. Конкретно, МКЦ платите со документацијата ги доставил пред 3 дена, а Градот Скопје, за останатите установи ја доставил документацијата на 19 јули, велат од овој ресор.  Но, од МКЦ тоа го демантираат , со одговор дека документацијата ја испратиле пред 3 седмици.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе