Вести Наука и здравје Свет

Тинејџер во Унгарија испил шест лименки енергетски пијалоци па дошол на работ на смртта, лекарите едвај го спасиле

Младото момче Саболч (18) падна во кома поради голема потрошувачка на енергетски пијалоци, а во Унгарија опозицијата и владејачките партии се согласуваат дека консумирањето енергетски пијалоци  треба да биде забрането за лица помлади од 18 години.

Лекарите веднаш не му дале голема шанса да преживее, дури и на родителите им рекле да размислат за донирање органи.

Добивме повик во текот на ноќта дека неговото срце престанало. Се обидоа да го оживеат дома, а потоа повикаа брза помош“, вели неговата снаа.

Следеше долга борба за животот на младиот човек, но по 20 минути болничарите успеаја да го вратат во живот  и тој беше префрлен на Одделот за интензивна нега, каде потоа двапати беше реанимиран.

Меѓутоа, половина час недостаток на кислород му го оштетил мозокот и паднал во кома.

Лекарите го информирале семејството дека Саболч ќе биде во ваква состојба без можност за подобрување, а доколку се случи тоа ќе биде медицински феномен.

Но, ситуацијата почна да се менува на подобро. Прво ги отвори и затвори очите, а потоа ги мрдаше нозете. Според докторот, станувало збор за рефлексни движења.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Електронска порака од директорката на УЈП, го одложи закажаниот протест

Дејан Дејан

Следниот месец стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Михајло го известувал Дејан за дојави на контроли од МВР и од УЈП – рочиште за „Пулс“ со докази од вештачења на телефони

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе