Вести Забава Магазин Најважни

„Опенхајмер“ апсолутен победник на Оскарите – седум статуетки за филмот за таткото на атомската бомба

Филмот „Опенхајмер“ е апсолутен победник на 96-то издание на наградите на Американската филмска академија. Од 13-те номинации за Оскар, филмот за таткото на атомската бомба“, доби седум меѓу кои за најдобар филм, за најдобра режија (Кристофер Нолан), за најдобра главна машка улога (Килијан Марфи), за најдобра споредна машка улога (Роберт Дауни Јуниор).

Филмот „Кутри суштества“ доби четири оскари меѓу кои за најдобра главна женска улога, награда која и припадна на Ема Стоун, нејзина втора во кариерата.

Наградата за најдобра споредна женска улога заврши во рацете на Давин Џој Рендолф за улогата во филмот „Академија Бартон“.

Иако имаше 10 номинации во оскаровската вечер, филмот на „Убиства под цветната месечина“ на Мартин Скорсезе не освои ниту една статуетка додека филмот „Барби“ доби само една – за најдобра орифинална песна која ја напишаа Били Ајлиш и нејзиниот брат Финис.

Оскарот за најдобар документарен филм го доби украинскиот „20 дена во Мариупол“, а „Зона на интерес“ победи во конкуренција на меѓународни филмови.

Најградата за најдобро сценарио му припадна на филмот „Анатомија на падот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе