Топ вести

Турција побарала, Македонија испорачала нови документи за есктрадицијата на Палевски

Турските власти побарале дополнителна документација по барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевка и Панче Жежовски. Од Министерството за правда информираат декана барањето веднаш било одговорено. Палевски ја напуштил државата на 30 ноември и преку Србија и Бугарија избега во Турција каде беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир.

Од Министерството за правда претходно посочија и дека ќе бидат потребни месеци за екстрадиција на Палевски, бидејќи тој може да се жали во текот на постапката. Засега во министерството немаат ништо ново околу текот на барањето за екстрадиција.

Лидерот на ВМРО – Народна партија, Љупчо Георгиевски во вечерашната Топ Тема во врска со Палевски рече дека треба да се провери зошто има пракса на негова неказнивост, иако тој има 6 кривични дела во изминатите 7,8 години.

„ДА СЕ НАПРАВИ КОМИСИЈА И ДА ВИДИМЕ ОД 1990 ГОДИНА КОЛКУ БИЛ ЗАШТИТЕН“, рече Георгиевски.

Максималниот период кој Палевски може да биде држен во притвор е една година. Извештајот од судска медицина за убиството на Вања се уште не е доставен до обвинителството. Извештајот од обдукцијата е еден од клучните докази во истрагата и целосно расветлување на случајот. Вања беше пронајдена мртва на 3 декември. И натаму останува отворено прашањето зошто Вања толку брзо е убиена, по два и пол часа од нејзиното грабнување на 27 ноември утрината. Јавното обвинителство е во фаза на прибирање на сите докази во случајот.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе