Била подарена на 8-годишно девојче во 1920-тата, била чувана повеќе од 100 години, го доби прекарот „најскромната новогодишна елка“, но на аукција во Велика Британија е продадена за неверојатни 2.600 фунти (околу 180 илјади денари).
Елката на Дороти Грант, високата цена ја достигна на аукција на куќата Хансон која предвиде дека оваа стара и несекојдневна елка може да достигне цена до максимум 80 фунти. Но, непознат вљубеник во божикното празнично расположение и во интересните приказни на аукацијата понудила неверојатна 30 пати повисока цена од планираната.
Кога била купена во 1920-тата, истата елка чинела неколку пени (дел од фунта). Ја добила 8-годишната Дороти која ја прослави со тоа што ја чуваше и китеше секоја година до смртта во 2014-та година. Тогаш Дороти Грант имала 101 година, а нејзината 84-годишна ќерка оваа година одлучи да го продаде ова наследство.
Елката е прогласена за најскромна, има 25 гранчиња, 12 црвени вештачки бобинки на секое второ гранче и има 6 мали држачи за божикни свеќички. Со елката оди и вградената подлога, дрвена кутија нацртана со божикен орнамент. Скромната елка со новата цена од 2.600 фунти веќе не е ефтина.