Вести Македонија Најважни

„Безбеден град“ ќе се проширува и во другите градови и автопатите низ земјава

Системот „Безбеден град“ ќе се надградува, а тоа ќе значи вклучување на поголемите градови и на автопатите низ државата, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надградба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три града и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на сообраќајните прекршоци“,

рече Спасовски при неговата денешна посета на СВР Штип.

Идејата, како што рече Спасовски, е системот да се прошири, пред сè, во големите градови каде што има поголема фреквенција на луѓе.

„Штип е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека истокот, подрачјето на Штип, е мирно, стабилно, меѓутоа секаде каде што имаме видеонадзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност“,

додаде Спасовски во одговор на новинарското прашање. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар се приближуваат кон Бордо, Макрон свика итен состанок- над 300.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија

Kristina Kuzmanovski

Паднаа цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу Иран и САД

Kristina Kuzmanovski

Еден осомничен е уапсен, а друг се бара по пукотницата на фестивалот за храна во Сиетл, во која загинаа 3 лица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе