Култура

Македонската филхармонија настапува со виртуозот на виолина Роберт Лакатош

Виртуозот на виолина Роберт Лакатош од Србија, в четврток,  во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Македонската филхармонија на концертот насловен „Искон“. На програмата се Концертот за виолина и оркестар во де-мол од Јан Сибелиус и Симфонијата бр. 1 од Васили Калиников. Диригент е Мануел ХернандезСилва од Венецуела.

„Идеален солист со раскошен, самоуверен тон, кој во секој момент настојува да ја импресионира публиката со виртуозност“ (П. Конорс, Бахтрак). Критиката не штеди зборови кога станува збор за изведбата на виолинистот Роберт Лакатош, добитник на првата награда на престижниот Интернационален виолински натпревар во Памплона, Шпанија, во 2015 година. Овој млад уметник претходно ја освои првата награда на натпреварот „Мери Смит“ во Њујорк, 2013 година, како и престижната награда на натпреварот „Андреа Постакини“ во Италија. Овие успеси му ја отворија вратата на интернационалната кариера, на реномираните музички сцени во светот.

Мануел Хернандез- Силва диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин-диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Бил шеф-диригент на Оркестарот на Кордоба,  на Филхармонијата во Малага, на симфонискиот оркестар „Навара“, и почесен шеф-диригент на оркестарот „Симон Боливар“ во Каракас, со кој интензивно работел повеќе од пет години. Диригирал со Виенскиот симфониски оркестар, Израелскиот симфониски оркестар, оркестарот на Радио Прага, симфонискиот оркестар на Биел, со оркестарот на Мулхаус, симфонискиот оркестар на Вупертал, Филхармонијата на Сеул, Филхармонијата на Буенос Аирес, Националниот оркестар на Венецуела, Симфонискиот оркестар на Чиле и со сите водечки оркестри во Шпанија.

Како оперски диригент доби одлични критики за неговите изведби на „Волшебната флејта“ и  „Така прават сите“ од Моцарт, за Бетовеновата „Фиделио“ и за „Боеми“, „Џани Скики“, „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од Пучини. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе