Вести Македонија Најважни

Џафери не би го избрал 8 мај за двојни избори

Да се прашува собранискиот спикер, не би го избрал 8 мај за датум за двојни избори, како што предлага опозицискиот лидер. На редовната средба со новинарите појасни дека, согласно роковите, новиот претседател на државата треба да биде инаугуриран најдоцна до 12 мај, кога истекува мандатот на актуелниот, што остава мал простор за евентуално прегласување и жалби. Доколку се пречекори рокот од 12 мај, ќе се смета дека претседател не е избран и изборите ќе мора да се повторат.

Сепак, им остава простор првин на политичките лидери да се договорат и најдоцна до Нова година да се изјаснат за терминот за одржување на претседателските и парламентарните избори следната година. Ги повика да размислат и лично, а не преку фејсбук или медиумите, да го известат и за предлозите околу формирањето на работна група за договор.

Ако се договорат за двојни избори во редовен термин, Џафери вели дека ќе го почитува тоа, но одговорноста ако не се избере претседател, ќе биде нивна.

Можни датуми, според роковите за првиот круг на претседателските избори се 14 март, 28 март, 11 април и 25 април.
Најраниот датум за парламентарните избори е 5. Мај, а најдоцниот на 15 јули.Се` што е пред 5 мај, ќе се смета за предвремени избори за што има други рокови.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе