Вести Македонија Најважни

Oтровниот отпад кај Лепенец се складирал половина година – фирмата ја откриле сопствениците на земјиштето

Отровниот отпад кај Орман се складирал половина година, а сопствениците на земјиштето го откриле името на фирмата на која и го изнајмиле. Сите дилеми сега треба да ги разјасни лабораториската анализа која треба да покаже колкава штета е направена до сега, но ќе се прават и други испитувања.

Државата го класифицира отпадот со посебна шифра и како опасен, а вонредниот надзор покажал дека складираното олово е несоодветно транспортирано и складирано на локација која не е наменета за одлагање отпад и потекнува од фирма во Чучер Сандево.

Отпадот потекнува од топење и преработка на акумулаторски батерии. За таков отпад е потребна лиценцирана фирма која треба да го извезе надвор од Македонија, затоа што овде нема каде да се складира.

Станува збор за количина од над 500 тони. Казната за ваков прекршок за физички лица изнесува 250 евра, но лицето треба да одговара и кривично и да плати трошоци за отстранување. Ако е фирма во прашање, тогаш казните се огромни и надминуваат 120.000 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе