Вести Македонија Најважни

Штекли по втор пат мета на убијци, крватата војна во скопското подземје продолжува

МВР сеуште трага по лицето во бел блузон, црна капа и слушалки кое денеска се обиде да го ликвидира скопјанецот Раде Трајковски – Штекли во трговскиот центар „Ист Гејт“. Вооружениот напад се случи околу 15 часот на ексалаторот кој води кон гаражите каде Трајковски го паркирал неговиот автомобил. Трајковски и неговот пријател чиј идентитет засега не е познат се симнуваат кон гаражата, заминувајќи од фитнес центарот кадешто впреетходно вежбал, и на снимката јасно се гледа како приоѓа напаѓачот и од непосредна близина со пиштол пука кон нив. Трајковски и неговиот пријател се погодени со неколку куршуми.

Двајцата ранети се префрлени во Клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“ од каде Трајковски е префрлен на Клиниката за торакална хириргија поради повредите во горниот дел од телото и неговата состојба е стабиулна. Неговиот пријател пак има прострелни рани во стомакот и градите и тој веднаш е опериран а според последните информации операцијата завршила успешно, но неговата состојба сеуште е оценетра како критична.

Дали напаѓачот имал помош, како побгенал и во кој правец од МВР засега нема информации.

Полицијата, доцна попладнево преку снимките од безбедносните камери обезбеди и објави  слика од напаѓачот со апел до граѓаните веднаш да пријават доколку го забележат или го знаат неговиот идентитет.

На 25 август, Трајковски беше мета на вооружени напаѓачи кои се обидеа да го ликвидираат на истото место, во гаражниот простор на „Исте Гејт“. За разлика од денес, тогаш тој беше во неговиот автомобил што му го спаси животот и мина неповреден. Автомобилот на  напаѓачите беше најден напуштен и запален во околината на скопското село Грчец.

Според информации на „Телма“ двата обиди за ликвидација на Трајковски се продолжение на кравиот судир меѓу двете најмоќни криминални групи во Скопје. Пресметката почна во март годинава со двојното убиство во „Шиша бар“ каде бешеликвидиран Јетон Кривањева познат под прекарот Жила и негов близок соработник. Следуваше одмазда во Приштина каде животот го загуби припадник на криминалната група кон која е приклонет и Трајковски а потоа во јули годинава во Грција во Ханиот беше ликвидиран Орхан Бајрами со прекар Оки водач на соперничката криминалната група од скопчската населба Дуќанџик.

Трајковски беше осомничен и за убиството на Мартин Јанушев во во ноември 2017 година  скопски Аеродром , беше извесно време во бегство во Србија но потоа се врати во државата и досега за тој случај против него не е поднесени никаков обвинителен акт.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе